
Неа АнхиалосНеа АнхиалосНеа АнхиалосКочани, 21.12.2022
5 млади преставници на нашата организација имаа можност да учествуваат во Ерасмус плус младинска размена преку која ги подобрија своите знаења, вештини и познавања во областа на заштитата на животната средина, екологијата, климатски промени, еко практики, обновлива енергија и зелени навики.

Во текот на оваа соработка младите учесници ги промовираа нашите позитивни национални практики во областа на заштитата на природните ресурси во Р Македонија
.

Преку организирање на културни вечери младите учесници ја промовираа нашата култура и традиција со промовирање на
производи, песна и танци.

Во текот на оваа младинска размена учесниците имаа можност да промовираат практични решенија и методи за заштита на животната средина и промоција на еко акции за подигање на јавната свест за заштита на природните ресурси.
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!
ИСКРЕНО ВАШ
ЈЈ