Кочани, 22.12.2022

5 млади преставници на нашата организација имаа можност да учествуваат во Ерасмус плус младинска размена преку која ги подобрија своите знаења, вештини и познавања во областа на заштитата на животната средина, екологијата, климатски промени, еко практики, обновлива енергија, рационално користење на енергијата, менаџирање на еко акции, подигање на зелена еко свесст и промоција на зелени навики.
Во текот на оваа соработка младите учесници ги промовираа нашите позитивни национални практики во областа на заштитата на природните ресурси во Р Македонија 🇲🇰.
Преку дискусии младите учесници ги промовираа нашите еко практики и методи за заштита на животната средина и активностите кои се применуваат за заштитата на животната средина во нашата држава но и квалитетот на живот, проблемите со загадувањето и проблемите со прекумерното користење на автомобили кое придонесува за загадување на воздухот.

Во текот на оваа младинска размена учесниците креираа план за организација на активности за подигање на јавната свест и промоција на акции за заштита на животната средина и рационалното користење на природните ресурси и заштита на природата во Европа.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ