![](https://ngounitedyouth.org/wp-content/uploads/2023/03/4.jpg)
Кочани, 03.03.2023
Ерасмус+ Младинска размена ”Recovery New Start”, Ст Мартен, Кариби 🇵🇭 15-22 .02.20
Преставници на нашата организација учествуваа во Ерасмус младинска размена во Ст Мартен Карибски острови на тема RECOVERY NEW START – промоција на методи за заштита на менталното здравје на младите и анализа на последиците од КОВИД 19 пандемијата. Ова беше трет проект на нашата организација поддржан од страна на Ерасмус+ проект надвор од Европа на повеќе од 8300 км далечина од Р Македонија. Искуството со природата, различниот животен стил и култура ќе остане засекогаш во меморијата на учесниците кои беа дел од оваа соработка и имаа можност да учествуваат во не формални активности кои промовираа спортски и активен живот.
![](https://ngounitedyouth.org/wp-content/uploads/2023/03/1.jpg)
Во текот на проектот учествува млади од 4 ЕУ организации
🇹🇷![🇵🇭](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tf4/1/16/1f1f5_1f1ed.png)
. Во текот на соработката беа промовирани национални практики за подигање на јавната свест преку спорт, младински активизам, здрав живот промоција на здрави навики но и македонската
култура и традиција беше промовирана преку презентација на традиционални игри, храна и пијалоци. Во процесот на соработка беа промовирани национални практики за промоција на спортот, спортскиот акт, здрав живот и здрави навики за подигање на јавната свест за борба против стресот и депресијата кој што се повеќе е активен и застапен кај младите низ Европа. Учесниците преку оваа соработка имаа можност и да се запознаат со можностите кои ги нудат ЕУ едукативни програми со цел да се стекнат со поголема мотивација да учествуваат во идни активности поддржани од Европската Унија.
![🇲🇰](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1c/1/16/1f1f2_1f1f0.png)
![🇵🇭](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tf4/1/16/1f1f5_1f1ed.png)
![🇩🇪](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t16/1/16/1f1e9_1f1ea.png)
![🇲🇰](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1c/1/16/1f1f2_1f1f0.png)
![](https://ngounitedyouth.org/wp-content/uploads/2023/03/2.jpg)
Идејата беше да се соберат учесници од 4 различни земји со цел да се исполнат следните цели на проектот:
×Во текот на процесот на соработка младите учесници споделија идеја за заштита на менталното здравје и подигање на јавната свест за заштита на здравјето и здрав живот.
×Преку методи на неформално образование учесниците споделија идеја за здрав живот и спортско образование на младите преку младински активности.
x Во текот на проектот 🇲🇰 беше организирана културна вечер за промоција на нашата традиција и културна мисла ора, храна, игри и песни.
![](https://ngounitedyouth.org/wp-content/uploads/2023/03/5.jpg)
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!
ИСКРЕНО ВАШ
ЈЈ