Ерасмус+ Младинска Размена ”Fake News Challenge” Малага, Шпанија 🇪🇸 31.03 – 06.04.2023

Кочани, 25.04.2022

преставници на нашата организација  учествуваа во Младинска размена во Малага Шпанија на тема – Fake News Challenge која се одржа во периодот од 31 Март до 06 Април на која што учествуваа млади учесници и национални лидери преставници на организации од Македонија, Германија, Италија, Турција.

За време на проектот учесниците се стекнаа со нови искуства како да препознаат лажни вести и информации онлине но и во текот на нивните секојдневни активности. Со користење на активности од областа на не формалното образование учесниците имаа можност да ги споделат своите искуства во процесот на користење на социјални медиуми, пребарување на податоци, анализа на извори на податоци и онлине пропаганда. За време на проектот учесниците имаа можност да ги подобрат своите дигитални компентеции користејќи ја апликацијата Канва преку која што креираа и дизајнираа матерјали за промоција на проектот но и подигање на јавната свест во процесот на користење на ИТ алатки.

Младите лидери успешно ја промовираа нашата организација за време на соработката и креираа нови контакти и соработки со учесниците кои беа дел од оваа соработка. Во текот на проектот беа промовирани 🇲🇰 култура и традиција со промоција на храна, пијалоци и традиционални танци и музика. Во текот на интеркултурната вечер беше организиран Кахут квиз за промоверка на културните знаења, вештини и компентеции на младите и нивните познавања на македонската култура и традиција.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply