Ерасмус+ Младинска размена ”Youth in Tune” Порто, Португалија 🇵🇹 31.03 – 08.04.2023

Кочани, 25.04.2022
Преставници на нашата организација учествуваа во младинска размена која промовираше музика и уметност и еднакво инклузивно општество за младите во Европа. Резултатот од активностите беше создавање на производ – оригинална песна со музичко видео компонирано и продуцирано од учесниците и порака што ќе се сподели во целост, интегрирајќи го гласот на младите луѓе од различни делови на Европа.
Благодарение на проектот, учесниците се доближија до различностите и научија како да работат во меѓународна средина. Проектот имаше позитивен придонес за подобрувања, за сите оние кои беа од него засегнатите странки од него, во смисла на знаење и/или вештини, ставови и однесувања. Проектот допринесе за развој на критичко размислување, дигитални вештини и поодржлива медиумска писменост и голем поттик за зголемување на капацитетот на младите за иницијатива во секојдневното општество. Преку не формалното образование се промовираше подобра свест за вредностите на Европската унија и поголемо знаење за тоа што нуди програмата Еразмус+.

Младите лидери успешно ја промовираа нашата организација за време на соработката и креираа нови контакти и соработки со учесниците кои беа дел од оваа соработка. Во текот на проектот беа промовирани 🇲🇰 култура и традиција со промоција на храна, пијалоци и традиционални танци и музика. Во текот на интеркултурната вечер беше организиран Кахут квиз за промоверка на културните знаења, вештини и компентеции на младите и нивните познавања на македонската култура и традиција.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply