Ерасмус+🇪🇺 Младинска размена ”Recovery New Start”, Ст Мартен, Кариби 🇵🇭 15-22 .02.2023

By March 3, 2023 July 13th, 2024 NGO

Кочани, 03.03.2023

Ерасмус+ Младинска размена ”Recovery New Start”, Ст Мартен, Кариби 🇵🇭 15-22 .02.20

Преставници на нашата организација учествуваа во Ерасмус младинска размена во Ст Мартен Карибски острови на тема RECOVERY NEW START – промоција на методи за заштита на менталното здравје на младите и анализа на последиците од КОВИД 19 пандемијата. Ова беше трет проект на нашата организација поддржан од страна на Ерасмус+ проект надвор од Европа на повеќе од 8300 км далечина од Р Македонија. Искуството со природата, различниот животен стил и култура ќе остане засекогаш во меморијата на учесниците кои беа дел од оваа соработка и имаа можност да учествуваат во не формални активности кои промовираа спортски и активен живот.
Во текот на проектот учествува млади од 4 ЕУ организации 🇲🇰🇹🇷🇵🇭🇩🇪. Во текот на соработката беа промовирани национални практики за подигање на јавната свест преку спорт, младински активизам, здрав живот промоција на здрави навики но и македонската  🇲🇰 култура и традиција беше промовирана преку презентација на традиционални игри, храна и пијалоци. Во процесот на соработка беа промовирани национални практики за промоција на спортот, спортскиот акт, здрав живот и здрави навики за подигање на јавната свест за борба против стресот и депресијата кој што се повеќе е активен и застапен кај младите низ Европа. Учесниците преку оваа соработка имаа можност и да се запознаат со можностите кои ги нудат ЕУ едукативни програми со цел да се стекнат со поголема мотивација да учествуваат во идни активности поддржани од Европската Унија.
Идејата беше да се соберат учесници од 4 различни земји со цел да се исполнат следните цели на проектот:
×Во текот на процесот на соработка младите учесници споделија идеја за заштита на менталното здравје и подигање на јавната свест за заштита на здравјето и здрав живот.
×Преку методи на неформално образование учесниците споделија идеја за здрав живот и спортско образование на младите преку младински активности.
x Во текот на проектот 🇲🇰 беше организирана културна вечер за промоција на нашата традиција и културна мисла ора, храна, игри и песни.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply