Официјализирана соработката со СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани

By February 9, 2021 September 10th, 2021 NGO

Кочани, 05.02.2021

Преставници на нашата организација ЈУНАЈТЕД ЈУД присуствуваа во официјална посета на СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани каде што остварија работен состанок со директорот на училиштето Игор Христов. Овој состанок преставуваше почеток на официјалната соработка помеѓу ЗГ ЈУНАЈТЕД ЈУТ и СОУ ЉУПЧО САНТОВ.

Во текот на средбата директорот беше запознаен со активностите на организацијата како и со идните планирани активности. Во текот на дебатата директорот ги сподели своите искуства со ново настаната ситуацијата со пандемијата,  онлине наставата како и ефектот од онлине наставата.

Нашата организација во втората половина на месец март има во план да организира активности  од областа на не формалното учење – работилници во областа на дијалогот и има потреба од учесници од нашата општина Кочани. Овие активности ќе бидат организирани со лично присуство со почитување на сите мерки за заштита и безбедност на учесниците.

За овие активности организацијата ќе објави јавен повик за учесници и ќе ја запознае јавноста со планираните активности и цели.

Во текот на оваа соработка добивме поддршка од страна на директорот како и мотивација за успешна идна работа и вклучување на повеќе млади од нашата општина кои во блиска иднина би биле промотори на социјални позитивни промени.

Следете ги нашите активности на нашата веб страница и социјалните медиуми за да бидете во тек со идните планирани активности и можности што ги нудиме:

www.ngounitedyouth.org

https://www.facebook.com/ngounitedyouth

https://www.instagram.com/ngounitedyouthkocani/

https://www.facebook.com/groups/280006953154910

 

 

ЈУНАЈТЕД ЈУТ