Успешно реализиран уште еден состанок за проектот, дефинирање на идни активности и планови за соработка – Dialogue for future: building communication bridges

By February 10, 2021 September 10th, 2021 NGO

Кочани, 08.02.2021

Преставници на нашата организација успешно учествуваа на уште еден состанок за проектот Dialogue for future: building communication bridges. На состанокот беа дефинирани идните активности на проектот и беше дефиниран планот за организација на вебинари и работилници на кои ќе треба да земат учество учесници од нашата општина на возраст од 15-30 години.

Нашата организација е задолжена да креира матерјал за темата ТРАНСКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ и соработка со лица од останатите кулутри и националности во нашето опкружување но и активности за промоција на ЕДУКАТИВИНИ ЕУ ПРОГРАМИ за промоција на млади, младински лидери, волонтери и младински работници.

Според извештаите и планот за работа во СРЕДИНАТА НА МЕСЕЦ МАРТ се очекува да започнат активностите во општина Кочани кои ќе бидат координирани од нашата организација и ќе се организираат со физичко присуство (доколку дозволат можностите од ново настаната состојба).

Во текот на овој проект ЈУНАЈТЕД ЈУТ ќе организира работилници на следните теми кои се дефинирани според профектот:

√ „Мојот свет и светот на другите“ – заеднички и различни вредности, социјални групи и нивно меѓусебно збратимување и соработка, креирање на методи за поддршка на младите, особено во рамките на околности на КОВИД-19, развој во современиот свет
√ „Јас и моите врсници“ – емпатија, наметливост и останати бариери за социјализација и комуникација на младите
√ „Јас и моето семејство“ – меѓугенерациски дијалог, креирање на методи за комуникација во семејството
√ „Јас и мојата заедница“ – различни социјални слоеви, иницијатива, влијание, соработка, креирање на лик за подигање на социјалниот дијалог во Општина Кочани
√ „Јас и различните култури“ – транскултурна комуникација и соработка – промоција на едукативни ЕУ програми како што се Ерасмус + и ESC

Како резултат на курсот, младите ќе создадат проекти насочени кон развој на комуникациски вештини и дијалог на генерациите во заедницата, како и да испробаат нови
комуникативни модели во интеракција со семејството, врсниците итн.