Светски ден на бегалците – World Refugee day

By June 20, 2020 September 10th, 2021 NGO

20.06.2020

СВЕТСКИ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ 

Меѓународното бегалско право е дел од меѓународното право кое се занимава со правата и заштитата на бегалците.

Тоа содржи правно-обврзувачки норми, меѓународни правни инструменти со кои се уредуваат прашањата поврзани со бегалците. Меѓународниот инструмент за уредување на ова право е Конвенцијата која се однесува на статусот на бегалците од 1951 година, донесена од Обединетите нации и Протоколот кон оваа Конвенција, донесен во 1967 година, и досега Конвенцијата ја ратификувале 145 држави, додека Протоколот 146 држави во светот.

Светскиот ден на бегалците се одбележува на 20 јуни секоја година, а почетокот на неговото одбележување датира од 4 декември 2000 година, кога била усвоена Резолуцијата 55/76 со која се означува 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата која се однесува на статусот на бегалците.

Постојат голем број дефиниции за поимот бегалец, но како општоприфатена се смета дефиницијата во Протоколот од 1967 која ги дефинира бегалците како лица кои чувствуваат голем страв од прогон заради расна, религиска, национална причина, како и поради припадност кон одредена политичка или социјална група, лица кои се присилени да ја напуштат својата држава, оние кои немаат националност или кои се надвор од својата држава како резултат на горенаведените причини, и оние кои поради тоа немаат желба да се вратат назад во својата матична држава.

Во блиска иднина нашата организација ќе учествува во проекти поддржани од Ерасмус + програмата кои ќе ги презентираат правата, проблемите и поотребите на Бегалците.

Следете не!