26 Јуни 2020
Успешно реализирана активноста – ”Social promotion of young people through Erasmus +”
Младинските работници од Јунајтед Јут мотивирани од ново настаната состојба на самоизолација и ограничена физичка активност организираа обука – прошетка, социјална дебата, дружба и посета на Делечво и Планината Голак.
Голак — средновисока планина меѓу Делчевската Котлина на исток и Кочанската Котлина на запад, со меридијански правец на протегање. Планинскиот масив опфаќа 12.800 ха, односно е долг околу 40 км а широк околу 20 км. Спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е Чавка (1.538 м), под кој се наоѓа современ туристичко-рекреативен центар (1.400 м), 12 км од Делчево и на кој се наоѓа игралиште за фудбал,кошарка и тенис. Истоименото детско одморалиште располага со 230 легла и e РУИНИРАНО.
Преку оваа обука младинските работници се стекнаа со нови искуства во процесот на социјалната инклузија на младите и промоцијата преку Ерасмус + програмите.
Обуката е реализирана со цел да ги мотивира младите и младинските работници активно да учествуваат во младинската работа и меѓународните соработки овозможени од Ерасмус + програмата.
Целите на оваа спроведена активност беа:
- Промоција на Ерасмус + програмата и доближување до Е+ можностите
- Социјална дебата со млади од Делчево и споделување на лични искуства
- Промоција на новите Ерасмус + можности, промоција на Ерасмус + 2021-2027
- Запознавање на младите со бенефитите од меѓународната соработка и размена на искуства
- Запознавање со природните богатства на Голак и доближување до локалната култура во Општина Делчево
Нашата организација активно соработува и со регионални, национални и интернационални соработници, индивидуи и институции.
Во следниот период нашата организација ќе организира различни видови на обуки.
Следете не!