Успешно реализирана обуката ”Health benefits of climbing and hill walking”

By June 19, 2020 September 10th, 2021 NGO

19.06.2020

Успешно реализирана обуката – ”Health benefits of climbing and hill walking”

Младинските работници од Јунајтед Јут  мотивирани од ново настаната состојба на самоизолација и ограничена физичка активност организираа обука – прошетка и посета до СМОЛАРСКИ ВОДОПАДИ.

Смоларски водопад — водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.

Обуката беше реализирана само за ОРГАНИЗАЦИСКИОТ КАДАР.  Поради моменталната ситуација со COVID 19 сме ограничени да понудиме обуки за поголеми групи.

Преку оваа обука младинските работници се стекнаа со нови искуства во процесот на заштита на менталното здравје, се доближија до бенефитите од физичката активност и се стекнаа со поголема инспирација активно да се вклучат во планинарење и релаксација во природа.

Обуката е реализирана со цел да се подигне јавната свест за заштитата на менталното здравје, доближување до бенефитите од спортската и физичка активност како и да се промовираат природни богатства во регионот на селото Смолари.

Целите на оваа спроведена обука беа:

  • Подобрување на физичката активност и подвижност на младинските работници
  • Доближување до негативните ефекти врз менталното здравје во процес на епидемија, самоизолација и ограничено движење
  • Дебата на тема менталното здравје и справување со депресијата во процес на самоизолација и ограничено движење
  • Социјален дијалог со локалното население и споделување на лични искуства поврзани со моменталната ситуација со COVID 19
  • Креирање на мултимедијален материјал за промоција на Струмичкиот регион
  • Подобрување на организациските капацитети и перформанси на организацијата

Нашата организација активно соработува и со регионални, национални и интернационални соработници, индивидуи и институции.

Во следниот период нашата организација ќе организира различни видови на обуки.

Следете не!