Успешно реализирана работилницата Модул 3 – Методи за интеракција како да се справиме со конфликтни ситуации

By May 31, 2021 September 10th, 2021 NGO
20.05.2021, Кочани
Успешно реализиран Вебинар М3 на тема Генерациски дијалог и промоција на решенија за успешна фамилијарна комуникација.
Учесниците имаа можност да се запознаат со методите на успешна комуникација во една фамилија и промоција на меѓусебна почит и разбирање.
Во текот на оваа активност имавме професионална презентација и промоција од страна на нашата колешка Стефанија Змијанац која што на професионален начин ги сподели своите искуства во областа на ЕУ волонтирање и студирањето во Германија.
Учесниците во релаксирана атмосфера имаа можност да учествуваат во процес на споделување на лични искуства во областа на генерацискиот дијалог и да разменат свои ставови и мислења околу темата.