Успешно реализиран уште една работилница М4 на тема – Јас и мојата заедница, доближување до Е+ проектите и можностите

By May 31, 2021 September 10th, 2021 NGO

31.05.2021 Кочани

Успешно реализиран уште еден вебинар М4 на тема – Јас и мојата заедница.

На вебинарот беа промовирани видеа од темата но беа презентирани и идеи за активно учество во локални акции но и промоција на локален активизам.
Во текот на презентацијата беа промовирани идеи и методологии за организација на успешен проект и промоција на младинска работа како механизам за успешна промоција на
младите и младинските работници во општеството.
На завршниот дел од презентацијата нашата колешка Нина Петрова промовираше свои лични Ерасмус+ искуства со цел да ги запознае младите со можностите за социјализација и афирмација пред пазарот на трудот.

Преку презентација учесниците се доближија до не формалното образование но и процесот на креирање и дефинирање на еден Е+ проект.

Со споделување на лични искуства присутните промовираа свои искуства од учество во ЕУ прокети и презентираа свои позитивни импресии од учествово во младинскиот активизам и младинската работа.