Успешно спроведена онлине обуката – ” Доближи се до Ерасмус+”
Мотивирани од ново настанатата ситуација со COVID 19 – биди заштитен работи од дома, младинските работници и експерти од Јунајтед Јут организираа онлине обука за промоција на Ерасмус+ програмата како можност за социјална промоција и афирмација на млади и младински работници.
Преку онлине видео конференција беа реализирани онлине обуки на кои беа презентирани:
Ерасмус+ можностите – можност за учество во активности од Клучна Акција 1 – младинска размена и тренинг курс
Ерасмус+ искуствата – промоција на лични искуства на обучувачите во областа на Ерасмус + програмата, мотивација на учесниците
Youth pass сертификат – алатка за документирање на личниот прогрес на учесниците, механизам за документација на стекнати знаења и доказ за учество во меѓународни активности од областа на младинската работа
Овие обуки беа реализирани и спроведени од страна на преседателот на организацијата М-р Костадин Рунчев и потпреседателот Тоше Илиев.
Сите вклучени учесници покажаа позитивен интерес за идни соработки и желби да учествуваат во идни меѓународни соработки поддржани од страна на Ерасмус+ и ЕУ.
Нашата организација нуди можност за реализација на нови онлине обуки со цел да ги мотивира младите активно да се вклучат во младинската работа, младинскиот активизам и интернационална соработка.
За подетални информации контактирајте не на: [email protected] или https://www.facebook.com/ngounitedyouth/.
Со почит, тимот на Јунајтед Јут