Успешно спроведена онлине обуката – ”Доближи се до Ерасмус+”

By June 12, 2020 September 10th, 2021 NGO

Успешно спроведена онлине обуката – ” Доближи се до Ерасмус+

Мотивирани од ново настанатата ситуација со COVID 19 – биди заштитен работи од дома, младинските работници и експерти од Јунајтед Јут организираа онлине обука за промоција на Ерасмус+ програмата како можност за социјална промоција и афирмација на млади и младински работници.

Преку онлине видео конференција беа реализирани онлине обуки на кои беа презентирани:

Ерасмус+ можностите – можност за учество во активности од Клучна Акција 1 – младинска размена и тренинг курс

Ерасмус+ искуствата – промоција на лични искуства на обучувачите во областа на Ерасмус + програмата, мотивација на учесниците

Youth pass сертификат – алатка за документирање на личниот прогрес на учесниците,  механизам за документација на стекнати знаења и доказ за учество во меѓународни активности од областа на младинската работа

Овие обуки беа реализирани и спроведени од страна на преседателот на организацијата М-р Костадин Рунчев и потпреседателот Тоше Илиев.

Сите вклучени учесници покажаа позитивен интерес за идни соработки и желби да учествуваат во идни меѓународни соработки поддржани од страна на Ерасмус+ и ЕУ.

Нашата организација нуди можност за реализација на нови онлине обуки со цел да ги мотивира младите активно да се вклучат во младинската работа,  младинскиот активизам и интернационална соработка.

За подетални информации контактирајте не на: [email protected] или https://www.facebook.com/ngounitedyouth/.

Со почит, тимот на Јунајтед Јут